ВИДЕО: Шишковски му „врати“ на Тричко, асистираше за реми на Докса!

Кипар има богата колонија на македонски фудбалери, а на денешната средба меѓу АЕК Ларнака и Докса, играа дури четворица од нив. Екипите одиграа нерешени 1-1, па со реми ја отворија новата сезона во Првата лига на Кипар. 

Интересно, Иван Тричковски беше човекот кој донесе предност за АЕК уште во 26. минута од натпреварот. Сега веќе поранешниот репрезентативец на Македонија со глава го отвори резултатот и го матираше Дамјан Шишковски. Иако АЕК заслужено поведе, токму македонскиот голман на Докса беше дел од акцијата која доведе израмнување. 

  • Израмнувачкиот гол на Докса: 

Шишковски исфрли топка, а финскиот напаѓач Садик лесно реализираше за израмнување во 49. минута, па чуварот на мрежата запиша асистенција. До крајот, Докса остана без двајца фудбалери, но АЕК не успеа да стигне до победата.

Во овој дуел цел натпревар за Докса одигра Трајчевски, додека на спротивната страна, на клупата остана Стефан Спировски.