ВИДЕО: Шишковски имаше среќа - Естонија во 92. минута можеше до бод во Скопје!

Репрезентацијата на Македонија се врати на победите во Лигата на нациите и по трите ремија, победи дома против Естонија со 2-1 (1-0). Избраниците на Ангеловски поведоа со голот на Тричковски, а израмни Сапинен. Сепак, одличната партија во продолжението и многуте шанси кои ги спаси голманот Хеин доведоа до гол на Стојановски за победа. 

Кога сите очекуваа крај на натпреварот, во 92. минута Хенри Аниер можеше да го казни невниманието на Дарко Велковски, откако по убаво спуштена топка од изгледна позиција биеше пресилно. 

  • Промашувањето на Аниер во последната минута: 

Голманот Дамјан Шишковски имаше многу среќа при овој удар, бидејќи ако одеше кон голот, тешко дека ќе имаше време да реагира и Естонија можеше многу лесно да израмни.