• Мартин Танасковски
Кипарскиот тим Докса Катокопиас може да остане без македонски фудбалери, затоа што во периодот кој следи македонските фудбалери Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски може да си одат од клубот.
Двајцата се во клубот подолго време, Трајчевски игра од 2019, а Шишковски од 2020 година. За голманот имаше интерес од други клубови пред една година, летонска Лиепаја сакаше да го добие, меѓутоа кипарскиот тим и летонскиот тим не се договорија за отштетата.
Македонските фудбалери Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски оставија голема трага во Докса, а доказ за тоа дека и двајцата имаат по 112 настапи во дресот на кипарскиот клуб.
Шишковски во кариерата играше и за Работнички, белгиски Гент, фински Лахти и Ропс, додека Трајчевски беше дел од Локомотива, Тетекс, Работнички и кипарски Алки Орколини.