ВИДЕО: Шишковски и Борац со минимален пораз кај ПАОК во Солун

Грчкиот ПАОК славеше со 3-2 (2-2) над екипата на Борац Бања Лука во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Солуњаните одиграа за нијанса подобро од ривалот и ќе патуваат со еден гол предност на реваншот. 

Дури четири погодоци беа постигнати во првите 45 минути. Кај ПАОК блескаше Константинос Кулиеракис, кој постигна два гола, додека Борац стрелаше преку екс-членот на Брегалница Штип, Себастијан Херера, а вториот гол беше дело на Енвер Кулашин. 

ПАОК повторно рано поведе во вториот дел, Нигериецот Трост-Еконг ги врати Грците во водство, а воедно ги постави и конечните 3-2 уште во 51. минута од мечот. Бањалучани се враќаат дома со еден гол негатива и реални шанси за прогрес во следното коло. 

Лудогорец забележа прилично сигурна и рутинска победа над Динамо Минск и славеше со конечни 2-0 (2-0). Бугарскиот шампион го порази белорускиот претставник, кој немаше ниту еден негативен резултат од мај годинава. 

Интересно реми одиграа екипите на Целје и Слован Братислава (1-1), а гостите успеаја да останат непоразени, иако беа со играч помалку од триесеттата минута. Реванш-натпреварите во квалификациите за Лигата на шампионите се закажани за 31 јули.