Шишковски го „магепса“ голот на Борац во Премиер лигата

Дамјан Шишковски доби шанса да биде прв голман на Борац од Бања Лука и докажува со игрите дека неоправдано беше закован на клупата за резерви и не му се даваше шанса.

Шишковски беше во втор план додека во клубот беше Манојловиќ, но откако Борац го продаде, шанса доби Македонецот и пак го врати тимот во игра за титула во Премиер лигата на БиХ. Интересно, Шишковски го магепса голот на клубот, нема примено гол во босанската елита.

Дебито во Борац, Шишковски го имаше на 2 септември против Гошк, неговиот тим победи со 3-0. Скоро еден месец подоцна, бранеше со Радник, таму Борац славеше 2-0. На нов настап чекаше до 2 декември, во кој Борац ја победи Слога со 4-0.

По продажбата на првиот голман на Борац, Шишковски бранеше на дуелите со Сараево (2-0), ГОШК (1-0) и Зрињски Мостар (1-0). Тоа се шест меча без примен гол.

Новиот меч за Шишковски и Борац во Премиер лигата е на 11 април против Слобода Тузла.