• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски одигра уште еден одличен натпревар за кипарска Докса и со победа ја започна годината.
Докса на гостински терен славеше над Етникос Ахна (0-1), а токму македонскиот голман го вивна тимот кон победата затоа што во 10. минута го прочита шутот на Фолпрехт.
Играше и Душко Трајчевски, но во 35. минута тој доби директен црвен картон. Исто така пожолте и Шишковски, во 66. минута. Победничкиот гол го постигна Садик во 21. минута.
Докса со овој триумф скокна на осмото место во кипарскиот шампионат.