ВИДЕО: Шишковски фати два пенали на Кипар, но жали за својот тим

Дамјан Шишковски имаше одлична партија на Кипар во дресот на Докса, но, за жал, не успеа да ја круниса со победа, откако како гостин загуби кај Папос (2-1) во плеј-аутот во шампионатот.

Шишковски потврди дека е во добра форма пред ЕП и фати два пенали. Првиот беше во 68. минута кога одбрани шут на Валакари, додека вториот падна во 78. минута, ама Беригауд не успеа да го надмудри Македонецот.

Сето тоа се случуваше при негатива на Докса (2-1), а неговиот тим не успеа да дојде барем до изедначување.

„Ех, да можев да не ги одбранам пеналите, а мојот тим да победеше“, изјавил Шишковски разочарано по натпреварот.

  • Двата одбранети пенали на Шишковски:

Сепак, овој пораз не менува многу за Докса, затоа што тимот е сигурен во кипарската елита и за следната сезона. На овој дуел во стартниот тим беше и Душко Трајчевски за Докса, а од клупата влезе и Дарко Глишиќ.