• Горан Упале
Борац Бања Лука на изненадување на сите го продаде првиот голман Манојловиќ во Ѓургарден, но македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски на натпреварот против Сараево ги заслужи сите пофалби.
Тренерот на голманите на тимот од Бања Лука, Синиша Мркобрада по натпреварот реши да се пошегува на Фејсбук.
„Се продава. Цената е фиксна, два милиони евра. Не одговараме на пораки“, напиша тој.
Иако пред натпреварот имаше загриженост за тоа како Шишковски ќе настапи на овој меч, тој замолчи многумина и ја сочува мрежата на тешкото гостување.
После ваква партија, јасно е дека македонскиот голман ќе биде првиот избор на Младен Жижовиќ во преостанатиот дел од сезоната.