Шишковски: Да се игра покрај човек како Пандев е огромна мотивација, затоа морав...

Дамјан Шишковски влета меѓу стативите на двата септемвриски дуели од Лигата на нациите неочекувано, откако Столе Димитриевски не можеше да одговори на повикот од селекторот поради коронавирус. 

Иако не успеа да ја сочува својата мрежа „недопрена“, Шишковски во Тбилиси со Грузија (1-1) имаше клучна интервенција во 95. минута од мечот со која практично го задржа бодот на Македонија. Голманот во изјава за Gol.mk дека е среќен за дебито, а интервенцијата е инспирирана од тоа што игра со великан како Горан Пандев.  

„Дебитирав со Ерменија и среќен сум за моето деби, се припремав за сите дуели исто. Добив голема поддршка од капитенот Горан Пандев и искрено сум среќен бидејќи ми се оствари сонот. Јас од дете, поточно од 12 години сум во репрезентацијата и многу ми значи и огромна мотивација ми е што играм покрај човек како Пандев. Тоа беше мотив плус за интервенцијата во последните минути, бидејќи знаев дека мора да бидам сконцентриран до крајот и извлековме позитивен резултат“, ни кажа Шишковски. 

Инаку, Шишковски долго е во репрезентативните води на Македонија, каде бранеше во младинските селекции, а сега имаше среќа да дебитира со Ерменија и Грузија во Лигата на нациите.  

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Шишковски е херој – во 95. минута со чудесна одбрана ја спаси Македонија!