• Иван Димовски
Борац Бања Лука реши да направи тренерска смена во пресрет на новата сезона, откако го заврши евро-предизвикот на самиот старт.
Босанскиот тим беше елиминиран во првото претколо на Конфренциската лига на УЕФА по загубениот двомеч против од Санта Колома од Андора. Поради тоа, клубот се реши за тренерска смена и се раздели со Младен Жижовиќ.
Поранешниот тренер на Шкупи го плати цехот за срамната елиминација на стартот на европската авантура ова лето.
Тоа значи дека Дамјан Шишковски и колумбискиот бек со македонски пасош Себастијан Херера ќе добијат нов тренер.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.




