Шишето на Габаски стана хит – беше спремен за пеналџиите, ама Сенегал пак победи! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Сенегал го освои трофејот на Африканскиот куп на нациите, откако во финалето во Камерун славеше против Египет по пеналите со 4-2 (0-0). Еѓипќаните лошо шутираа од единаесет метри, па ривалот се израдува на титулата африкански првак. 

По финалето, голманот на Египет го заборави своето шише крај голот, а тоа стана вирален хит. Габаски на своето шише со вода имаше залепено дванаесет илустрации од речиси сите можни пеналџии во таборот на Сенегал. 

Сепак, ниту тоа не им помогна на Габаски и Египет, кои повторно запреа на последниот чекор на патот кон тронот во Африка. Како мала утеха можеби на Габаски ќе му биде фактот дека го одбрани ударот на Сар во третата серија, но бадијала, тоа не донесе титула.