• Горан Упале
Поранешниот фудбалер Дарио Шимиќ, пред натпреварот од Серија А помеѓу Верона и Милан во Серија А за „ДАЗН“ зборуваше за моменталната состојба во клубот од Милано, но и за иднината на Лука Модриќ. Легендарниот хрватски репрезентативец започна со осврт на амбициите на клубот и изрази жалење поради заминувањето на Паоло Малдини:
„Враќањето на врвот не се случува преку ноќ. Жал ми е што Паоло Малдини повеќе не е тука, сè би било многу полесно со него“, рече Хрватот.
Сепак, коментарот за Лука Модриќ привлече најмногу реакции.
„Разговарав со Лука и видов дека е многу среќен во Милано. Ми рече дека сè уште не одлучил дали ќе остане уште една година. Сепак, забележав дека бара стан. Не се мешам во неговите семејни работи“, откри Шимиќ.
Модриќ во Милан се пресели по крајот на ланската сезона и досега за „росонерите“ одигра 32 натпревари во сите натпреварувања.










