Шилс: Македонија има добра офанзива, мора да бидеме внимателни во Скопје

Шилс

Селекторот на Северна Ирска, Кени Шилс, верува дека неговата репрезентација ќе има тежок ден на гостувањето кај Македонија.

Гостите собраа седум бода од воведните четири меча во квалификациите за Светското првенство. Тоа ги прави фаворити за бодовите на гостинскиот меч во Скопје.

„Ќе наидеме на предизвик, но очекувам да победиме. Македонија има добра офанзивна линија, тоа го видовме на нивните натпревари. Мора да бидеме внимателни. Фокусирани сме на дуелите со македонската репрезентација и очекуваме неизвесно надигрување. Со победи во двата меча, ќе застанеме во одлична позиција да се пласираме на Мундијалот“, изјави селекторот Шилс.

За четири дена следува реванш на гости во Северна Ирска. Избраничките на Кирил Изов имаа скор од една победа и три порази во досегашниот тек од квалификациите.