Шиков ја напушти Австрија, има понуди од повеќе земји, меѓу нив и Јапонија и ОАЕ

Македонскиот репрезентативен дефанзивец Ванче Шиков и дефинитивно го напушта тимот на Австрија Виена со кој обезбеди квалификации за Лига Европа.

Веднаш по објавувањето на веста на адреса на Шиков пристигнаа понуди на тимови од Кипар, Грција, Германија, Унгарија, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија, кои се сериозно заинтересирани за услугите на македонскиот репрезентативен стопер. 

Шиков кариерата ја започна во Тиквеш, а играше и за Ксанти, Победа, Олимпијакос, Керкира, Аполон, Етникос Ахна и Волин пред најдолго да се задржи во Австрија Виена.