• Мартин Танасковски

Фудбалерите на Борусија Дортмунд успешно ја започнаа сезоната во Бундеслигата, со победа (1-0) над ривалот Баер Леверкузен. Дербито не ги оправда очекувањата според бројот на головите, затоа што ја немаше најавената голеада судејќи по настапите низ историјата.
- Извештај од натпреварот:
Еден гол го одлучи натпреварот, а падна на среќен начин. Се играше 10. минута кога Марко Ројс погоди од самата гол-линија по мешаница во казнениот простор. Оттогаш, Дортмунд имаше уште неколку шанси во првиот дел кои не ги искористи, а во вториот дел „милионерите“ лудо се спасија.
Два поништени гола имаше Баер Леверкузен во второто полувреме поради офсајд. Исто така, трагичар на гостинската екипа е и Патрик Шик, кој промаши неколку зицер-прилики. Јунак на натпреварот за домашните е голманот Кобел кој бранеше одлично.
Дортмунд во следната рунда гостува кај Фрајбург, додека Баер Леверкузен е домаќин на Аугсбург.