• Горан Упале
Леонард Жута, поранешниот македонски репрезентативец, се враќа во хрватскиот фудбал. Искусниот лев бек во новата сезона ќе го носи дресот на Шибеник. 31-годишниот дефанзивец со Шибеник потпиша договор на една година со можност истиот да биде продолжен.
„Многу сум среќен што дојдов во Шибеник. Во текот на кариерата многупати играв против овој клуб, но сега дојде време да го облечам портокаловиот дрес. Знам дека ова е клуб со богата традиција, и со верни навивачи.
Се радувам на новите предизвици и верувам во успех“, изјави Жута.
Инаку Жута во сезоната 2016/17 ја освои двојката круна со Ријека и од навивачите беше избран за најдобар лев бек на деценијата. Тој забележа над сто настапи во највисокото ниво на хрватскиот фудбал. За Македонија дебитираше во 2015 година и до 2018 година одигра 15 натпревари.