Шевченко: Србија не заслужи да загуби со 5-0!

Фудбалската репрезентација на Србија синоќа доживеа вистински дебакл во квалификациите за ЕУРО 2020 година, откако на гости загуби со убедливи 5-0 од Украина. 

Легендата на украинскиот фудбал, Андриј Шевченко, кој од неодамна го презеде кормилото на оваа селекција по мечот изјави дека Србија е доста квалитетна  и не заслужила ваков пораз. 

„Мислам дека Србија не заслужи ваков пораз. Ги знам квалитетеите на оваа селекција и затоа велам дека 5-0 е нереален исход од овој меч. Ние одигравме феноменална партија, ги казнивме сите греши, а во одбраната бевме одлични. Честитки до моите играчи, се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме во овој стил“, рече Шевченко. 

По три одиграни кола Србија е последна на табелата во групата Б со само еден бод (против Португалија), но има и еден натпревар помалку. 

Европско првенство, Квалификации, Група B
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 УкраинаУкраина 5 4 1 0 11:1 10 13
2 ПортугалијаПортугалија 4 2 2 0 10:4 6 8
3 СрбијаСрбија 1 5 2 1 2 10:12 -2 7
4 ЛуксембургЛуксембург 1 5 1 1 3 5:8 -3 4
5 ЛитванијаЛитванија 5 0 1 4 4:15 -11 1