Шевченко: Ќе гледаме што направи Австрија за да се подготвиме за Македонија

Шевченко

Украина и Македонија ќе одиграат директен судир во второт коло од групата Ц, од кој ќе зависи пласманот на двете репрезентации на овој шампионат.

Поразот од Холандија не ја намалува самодовербата кај Андриј Шевченко кој е оптимист за следните два дуели.

„Се враќаме во хотелот и веднаш го започнуваме процесот на подготовка за следниот меч. Ќе го гледаме дуелот на Македонија со Австрија. Ќе се обидеме да извлечеме од најдоброто што го направи австриската репрезентација за да победи. Знаевме и пред првенството дека овој дуел ќе одреди кој ќе биде нашиот конечен пласман. Многу од момците се потрошија, ќе видиме кој ќе се опорави доволно за да настапи против Македонија“, вели украинскиот селектор.

Македонската репрезентација загуби во првиот меч. Стрелец на единствениот погодок за нашиот национален тим беше Горан Пандев.