Шестото коло во ПМФЛ започнува со два натпревари под рефлектори

Шестото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) одново ќе се игра во три дена, а повторно недела ќе биде „слободен“. 

Програмата започнува во петок со два натпревари под рефлектори. Во 18:30 часот на Градскиот стадион во Штип ќе се сретнат екипите на Брегалница и Шкендија Арачиново, а половина час подоцна на теренот на ФФМ силите ќе ги одмерат Шкендија и Тиквеш.

За сабота е резервиран еден натпревар, меѓу Скопје и Башкими. Недела одново ќе биде без прволигашки возбудувања, додека колото ќе заврши во понеделник со два натпревари. Во Струга ќе гостува екипата на Силекс, додека шампионот Вардар ќе го пречека Арсими, на дебито на новиот тренер на „црвено-црните“ Миодраг „Гроф“ Божовиќ.