Шесто Суперкуп финале за Ливерпул, четврто за „сините“

Вечерва Ливерпул по шести, а Челзи по четврти пат ќе играат во Суперкупот на УЕФА. По подолго време две англиски екипи ќе се борат за овој трофеј, неполни три месеци од сенаглиското финале на Лигата на шампионите во Мадрид. 

Ливерпул е поуспешен во своите претходно финалиња за разлика од Челзи.

Суперкуп натпревари на Ливерпул: 
1977 - Ливерпул - Хамбургер 1-1, 6-0
1978 - Ливерпул - Андерлехт 1-3, 2-1
1984 - Ливерпул - Јувентус 0-2
2001 - Ливерпул - Баерн 3-2
2005 - Ливерпул - ЦСКА Москва 3-1

Суперкуп натпревари на Челзи:
1998 - Челзи - Ливерпул 1-0
2012 - Челзи - Атлетико Мадрид 1-4
2013 - Челзи - Баерн Минхен 2-2 (4-5)* по изведување пенали

Натпреварот во Истанбул се игра вечерва од 21:00 часот.