• Саше Љолес
Европската фудбалска куќа (УЕФА) не чекаше многу за да го објави идеалниот тим на штотоку завршеното Европско првенство во Германија. Како што е веќе познато, Шпанија е новиот континентален владетел и не случајно има дури шестмина претставници меѓу најдобрите единаесет.
Во најдобриот тим има место и за младата супер-ѕвеза, Ламин Јамал, а од неговите соиграчи му се придружија уште Нико Вилијамс, Дани Олмо, Фабиан Руиз, Марк Кукуреља и Родри, кој беше воедно и МВП на континенталниот собир.
Во нападот место доби Џамал Мусијала од Германија, а во одбраната се уште Вилијам Салиба од Франција, Мануел Аканџи од Швајцарија и Кајл Вокер од Англија. На голот е одличниот француски чувар на мрежата, Мајк Мењан.
Шпанија по четврти пат стана владетел на Европа, откако во големото финале сосема заслужено ја совлада Англија со конечни 2-1. Тимот на Луис де ла Фуенте импресионираше со своите игри и остави огромен белег на овој турнир.