• Мартин Танасковски
Македонските репрезентативци Дамјан Шишковски и Енис Барди доживеаја порази со нивните Борац Бања Лука и Трабзонспор во рамки на квалификациите од Лигата на Европа.
Борац гостуваше кај Клаксвик од Фарски Острови и загуби со 1-2. Проблем беше црвениот картон кој го доби Колумбиецот со македонски пасош Себастијан Херера во првото полувреме. Трабзонспор, пак, дома загуби од австриски Рапид (0-1).
Партизан имаше лош меч со Лугано и го доживеа шестиот европски пораз по ред (0-1). Човек на одлука беше Заноти кој даде гол во 72. минута и го замолкна Белград.
- Партизан - Лугано 0-1:
Од останатите клубови од „екс-ју“, Ријека дома ремизира со Елфсборг (1-1), додека Целје на домашен терен во Словенија го доби Шамрок Роверс (1-0).