ВИДЕО: Фудбалски фестивал во Париз, Монако скина бод кај ПСЖ

Пари Сен Жермен и Монако одиграа супер-возбудливо дерби во Париз со шест гола (3-3) кое беше вистинско уживање за сите љубители на фудбалот.

„Светците“ на Тухел важеа за апсолутни фаворити, арно ама не ја оправдаа улогата и не успеаја да победат. Сега ситуацијата на табелата оди во прилог на Олимпик Марсеј, затоа што тимот сега бодовната разлика со лидерот е пет бода.

Што се однесува до средбата на „Паркот на принцевите“, истата почна блескаво за ПСЖ. Погоди Нејмар уште во третата минута и донесе радост за домашните фанови. Но, само пет минути подоцна Монако изедначи преку Мартинс, а Бен Једер во 13. минута направи целосен пресврт.

Во 24. минута, Бало Туре од Монако си даде автогол за 2-2, а пред финишот на првиот дел одбраната повторно потфрли, направи пенал, кој во погодок го претвори Нејмар. Вториот дел почна доста мирно, а шокира Монако, кој во 70. минута реализира преку Слимани. Судиите го прегледуваа голот со ВАР и бараа можен офсајд, меѓутоа истиот беше чист.

Пред самиот крај на натпреварот, во 94. минута, Нејмар фантастично асистира до Мбапе, а Французиниот шутираше со волеј од прва, арно ама промаши од изгледна позиција за гол.

Изненадување приреди Дижон, кој го совлада Лил со 1-0, а Нант освои полн плен на теренор на Сент-Етјен (0-2). ПСЖ е лидер со 46 бода и ја прекина победничката низа. Монако, пак, излезе од кризата, пет кола има позитивни резултати и се наоѓа на осмото место во Лига 1.

Состави

Thomas Tuchel

4-4-2

    Robert Moreno

    4-3-3