ВИДЕО: Шешко е мајсторот за РБ Лајпциг во ДФБ Купот

Екипата на РБ Лајпциг се пласира во второто коло од ДФБ Купот на Германија со гостинска победа кај Вехен (2-3) во ефикасен натпревар.

  • Извештај од натпреварот:

„Биковите“ важеа за фаворити и ја оправдаа улогата на хартија. Човек на натпреварот беше словенечкиот офанзивец Бенџамин Шешко, кој постигна два гола и беше вистински мајстор за РБ Лајпциг во Купот.

Претходно, резултатот на натпреварот го отвори искусниот Форсберг, а двата гола за аутсајдерот на хартија Вехен ги даде Хрватот Иван Пртајин.

РБ Лајпциг ќе го добие ривалот во следната рунда од Купот преку ждрепка., закажана за овој викенд.