Шешко е џокерот на Словенците против Норвешка на моќниот Халанд

Репрезентацијата на Словенија против Норвешка ќе има многу поголема поддршка отколку што можеше да замисли во пресрет на третото издание на Лигата на нации на УЕФА. Секако, освен сонародници, за избраниците на Матјаж Кек ќе навиваат и Србите, кои се надеваат дека скандинавците би можеле да кикснат во Љубљана и така да ги зголемат шансите на „орлите“ да ги минат во поредокот во вторник по директниот судир и така да се преселат во елитната А лига.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Словенија - Норвешка:

Се подразбира дека вториот услов за тоа е Србија малку подоцна да ја совлада Шведска, но нема веднаш да се занимаваме со тој проблем, туку со мечот на Стожице. Таму во центарот на вниманието треба да биде гостинскиот напаѓач Ерлинг Халанд кој фантастично се вклопи во системот на игра на Манчестер Сити и на десет натпревари во дресот на „граѓаните“ постигна 14 гола. Воедно, високиот Норвежанец со пет гола ја предводи листата на стрелци во Лигата на нации, во која се запиша на секој меч на кој „лавовите“ ја тресеа противничката мрежа. Единствената средба на која „постеа“ беше против Словенија во Осло – затоа „зелено-белите“ имаат рецепт за Халанд и неговиот тим, а дополнителна тежина на тој дуел без голови дава фактот што последните триесетина минути ги одиграа без суспендираниот Миха Блажич.

Сите квоти во MOZZART од останатите натпревари во ЛН:

А преку изјавите на фудбалерите од „дежела“ зрачи оптимизам, па стоперот Јака Бијол, кој блеска со својот Удинезе, тврди дека Норвежаните и сега нема да се наиграат против Словенците, бидејќи веќе ја „прочитале“ нивната игра. Исто така, да не заборавиме дека нападот на домашната екипа ќе го предводи еден од најталентираните напаѓачи во Европа, 19-годишниот Бенџамин Шешко од Салцбург (од следното лето ќе игра за РБ Лајпциг), така што има услови за КТXилиППX и ГГ.