Шеширите во ЛШ се наѕираат: Може да има пеколна „група на смртта“!

Новата сезона во Лигата на шампионите ги чека своите последни учесници преку плеј-офот, а веќе се наѕираат и шеширите во фудбалската елита, ако фаворитите ги оправдаат улогите и влезат во најквалитетното натпреварување.

Европски првак е Ливерпул, а би можел да се најде во „групата на смртта“. Доколку шеширите го имаат овој изглед, тогаш најквалитетна група би била Ливерпул, Реал Мадрид, Интер и РБ Лајпциг.

Исто така, тука е и група Баерн Минхен, Атлетико Мадрид или Реал Мадрид, Интер и Галатасарај. Со оглед на тоа што две екипи од иста земја не можат во иста група, ривалите од лигите се избегнуваат во ЛШ.

Занимлива би била и група со Манчестер Сити, Реал Мадрид, Интер и Црвена Звезда. Исто, интересно би било во иста група да играат Динамо Загреб и Црвена Звезда, некогашните лути „екс-ју“ ривали, а било која екипа да се падне од првиот и вториот шешир, ќе носи атрактивни мечеви.

  • МОЖЕН ИЗГЛЕД НА ШЕШИРИТЕ:

ШЕШИР 1: Ливерпул, Челзи, Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер Сити, ПСЖ, Зенит

ШЕШИР 2 (непотврден): Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Наполи, Шахтјор, Тотенхем, Бенфика , Ајакс

ШЕШИР 3 (непотврден): Лион, Баер Леверкузен, Салцбург, Олимпијакос, Бриж, Валенсија, Интер, Динамо Загреб

ШЕШИР 4 (непотврден): Локомотив Москва, Ц. Звезда, Генк, Галатасарај, РБ Лајпциг, Славија Прага, Аталанта, Лил

*клубовите со болдирано се фаворити за влез во ЛШ преку плеј-офот

Ждрепката за новата сезона од Лигата на шампионите е закажана на 29 август во Монако. Конечниот изглед на шеширите ќе биде познат по одигрувањето на реваншите од плеј-офот на ЛШ, кои на програмата се наредната седмица, во вторник и среда.