• Мартин Танасковски
По комплетирањето на квалификациите и плејофот, познати се сите учесници во главната рунда на Лигата на Европа која ќе се игра по ист систем како и Лигата на шампионите.
Второрангираното натпреварување на УЕФА ќе се игра во нов формат од оваа година, бројот на клубови е зголемен од 32 на 36, нема повеќе групи, туку сите учесници формираат една лига, а секој клуб ќе одигра по осум натпревари. Четири дома, четири на гости, со по еден меч против осум различни противници, а ривалите кои ќе одат еден против друг ќе бидат одредени од компјутер.
Сите учесници се поделени во четири шешири, по девет во секоја. Секој ќе игра против двајца од секој шешир, а исто така и од својот сад. Имињата на клубовите ќе бидат извлечени рачно како и досега, а потоа компјутерот ќе ги „бира“ противниците. Еден клуб може да игра против најмногу два клуба од иста земја.
Првите осум клуба од заедничката лига по осум одиграни натпревари директно ќе се пласираат во осминафиналето, а оние од 9. до 24. место ќе играат бараж за преостанатите осум места во второто коло. Останатите екипи испаѓаат од натпреварувањето.
- Шешири во Лига Европа:
Шешир 1: Рома, Манчестер Јунајтед, Порто, Ајакс, Ренџерс, Ајнтрахт Франкфурт, Лацио, Тотенхем, Славија Прага
Шешир 2: Реал Сосиедад, АЗ, Брага, Олимпијакос, Лион, ПАОК, Фенербахче, Макаби Тел Авив, Ференцварош
Шешир 3: Галатасарај, Бодо/Глимт, Плзен, Унион СЖ, Динамо Киев, Лудогорец, Митјиланд, Малме, Карабах
Шешир 4: Билбао, Хофенхајм, Ница, Андерлехт, Твенте, Бешикташ, ФЦСБ, РФС, Елфсборг