Лига Европа никогаш понеизвесна – подгответе се за дербија во нокаут-фазата!

Лигата на Европа ја заврши групната фаза, а веќе се познати шеширите пред ждрепката за 1/16-финалето.

Вкупно 32 тима ќе чекаат да бидат извлечени од првиот или вториот сад. Тимовите се изедначени, има звучни имиња и меѓу носителите и меѓу неносителите. Тука се и екипите кои доаѓаат од Лигата на шампионите.

Прв шешир: 
Севиља, Малме, Базел, ЛАСК, Селтик, Арсенал, Порто, Еспањол, Гент, Башакшехир, Брага, Манчестер Јунајтед

Ајакс, Салцбург, Интер, Бенфика

Втор шешир:
АПОЕЛ, Копенхаген, Хетафе, Спортинг, Клуж, Ајнтрахт Франкфурт, Ренџерс, Лудогорец, Волфсбург, Рома, Вулверхемптон, АЗ Алкмар

Баер Леверкузен, Шахтјор, Олимпијакос, Бриж

Нокаут-фазата ќе стартува на 20 февруари, а ждрепката е в понеделник од 13:00 часот во Нион.