Шериф Реџепи се раздели со Гостивар

Македонскиот фудбалер Шериф Реџепи ќе менува средина, затоа што си замина од екипата на Гостивар која се натпреварува во ВМФЛ - Запад.

Фудбалерот кој има 20 години имаше солидна полусезона, ја заврши како позајмен во Велазерими каде постигна десет гола, но по враќањето во Гостивар, реши да бара нова средина.

Реџепи ја започна кариерата во екипата на Тетекс. Гостивар во ВМФЛ - Запад се наоѓа на петтото место со вкупно 22 бода, три помалку од лидерот Скопје.