• Горан Упале

Екипата на Брага е последниот патник во осминафиналето во Лигата на Европа, откако во драматичен меч, решен по изведувањето на пеналите, славеше над тимот на Шериф со 3-2 (2-0). Така, по Ељиф Елмас, Аријан Адеми и Стефан Ристовски уште еден македонски репрезентативец, Бобан Николов, ги заврши настапите во ова натпреварување.
- Извештај од натпреварот:
Првиот натпревар во Молдавија заврши со победа на домашниот тим од 2-0, па португалскиот тим мотивирано го отвори вечерашниот дуел и Медеирос по само 17 минути игра ја преполови негативата на својот тим. Брага продолжи да напаѓа и пред полувремето Хорта погоди за 2-0. По паузата двете екипи играа резервирано и подефанзивно, па мрежите мируваа во вториот дел. Ништо не се промени ниту во продолжението, па патникот во осминафиналето се решаваше по изведувањето на пеналите.
Шериф катастрофално ги отвори ударите од единаесет метри и не погоди во првите три серии, но Атанаидис со две врзани одбрани го врати својот тим во игра. Сепак, Моура беше концентриран во клучниот пенал и ја одведе Брага меѓу шеснаесетте најдобри во Лига Европа.