ВИДЕО: Шериф на Боби е европски хит – го сруши великанот Реал Мадрид!

Екипата на Шериф Тираспол продолжи да приредува европски сензации. Првпат влезе во групната фаза од Лигата на шампионите, славеше на дебито во елитата, а дојде до три бода и во втората пресметка и тоа против големиот Реал Мадрид (1-2).

  • Извештај од натпреварот:

Молдавското чудо во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов дефинитивно е европски хит. Ги елимираше Црвена Звезда, па Динамо Загреб во европските квалификации кон Лигата на шампионите а во групата има две победи на две средби.

Можеби за многумина е чудно и неверојатно, ама жртва на Молдавците е „кралскиот клуб“, натрофејниот европски колектив Реал Мадрид. Шпанците загубија на „Сантијаго Бернабеу“ од дебитантот. Резултат кој одекна низ Европа како вистинска сензација. По првото полувреме Шериф водеше со гол на Јакшибаев во 25. минута, а откако во 65. минута Бензема изедначи од пенал, многумина веќе го прежалија Шериф.

Но, молдавскиот првак не се предаде. Во 72. минута даде гол преку Бруно, но беше поништен со ВАР поради офсајд, а откако „преживеа“ неколку добри шанси на Реал Мадрид благодарение на голманот, Тил по асистенција на Траоре даде голчиште во 90. минута за неверојатен триумф.

  • Голот на Шериф Тираспол за победа во Мадрид:

По овој гол на терен влезе Бобан Николов за да помогне во одбраната. Македонскиот репрезентативец ги одигра последните неколку минути во херојската победа.

Шериф Тираспол е лидер во групата на Реал Мадрид, Шахтјор Доњецк и Интер со шест бода. Во следната рунда тимот гостува во Милано кај „нераѕурите“.

Состави

Карло Анчелоти

4-4-2

    Yuri Vernydub

    4-4-2