ВИДЕО: Шериф на Николов до историска групна фаза, Салцбург е во ЛШ

Динамо Загреб не успеа да направи европски подвиг и доживеа елиминација во Лигата на шампионите. Шериф Тираспол од Молдавија одигра реми на „Максимир“ (0-0) и поради победата на домашен терен патува во групите на ЛШ.

  • Динамо Загреб - Шериф Тираспол 0-0:

Ова ќе биде прво учество на молдавскиот тим во елитата. Претходно, Шериф играше Лига Европа, но никогаш не бил во Лигата на шампионите. Во редовите на Шериф во новата сезона ќе има еден Македонец, тоа ќе биде Бобан Николов, кој потпиша пред извесно време.

  • Брондби - Салцбург 1-2:

Учеството во групната фаза го потврди и Салцбург со победа на гостински терен кај Брондби (1-2). Сеско во 4. и Аронсон во 10. минута дадоа два брзи гола за гостите, а поразот на данскиот првак го ублажи Максо во 62. минута.

Натпреварот меѓу Шахтјор Доњецк и Монако заврши со триумф на гостите (1-2) и таму одлучуваа продолженијата во кои Украинците дадоа гол и минаа понатаму.