Шеикот Мансур бин Зајед ги покрива трошоците на навивачите кои ќе патуваат за Порто!

Сити

Манчестер Сити ќе го предизвика Челзи во финалето од Лигата на шампионите, кое оваа година ќе се одигра во Порто.

Во последен момент, УЕФА одлучи да го премести домаќинството од Истанбул во Португалија. Добри вести добија и навивачите на двете екипи, кои во ограничен број ќе добијат можност да бидат дел од спектаклот.

Сопственикот на „граѓаните“, Мансур бин Зајед Ал Нахјан, најави прекрасен гест. Наводно, тој е подготвен да ги плати трошоците за сите фанови кои планираат да патуваат за „Драгао“ на 29 мај.

На овој настан ќе има по 6.000 навивачи од двете страни. Оние кои се приврзаници на Сити ќе имаат една грижа помалку и ќе можат опуштено да се фокусираат само на бодрење на избраниците на Пеп Гвардиола.

Екипата од Манчестер сака да испише историја и да стигне до првиот трофеј во ова натпреварување во својата историја.