Шеикот доаѓа во Истанбул да го гледа Сити – првпат по 13 години, вторпат во живот!

Првиот човек на Манчестер Сити, Шеикот Мансур, ќе биде присутен во Истанбул да го следи во живо финалето од Лигата на шампионите против Интер кое ќе се игра на стадионот „Ататурк“.

Интересно, шеикот не го гледа својот клуб, а фрла неверојатни пари за да има силен колектив. Мансур е сопственик на англискиот премиерлигаш од 2008 година, а верувале или не, досега го има гледано само еднаш откако е газда.

Тој беше присутен во 2010 година на пријателски натпревар во Абу Даби, кога Манчестер Сити играше со Ливерпул. Присуството во Истанбул доаѓа 13 години подоцна и ова ќе биде вторпат како тој во живо ќе го гледа клубот на Пеп Гвардиола.

Сити е огромен фаворит против Интер во финалниот дуел, меѓутоа во фудбалот се е можно.