• Горан Упале
Еден од најкултните англиски клубови Дерби Каунти е на чекор да добие моќен инвеститор, откако саудиски милијардер и член на саудиското кралство Турки Алалших влезе во напредни преговори со сопственикот Дејвид Клоус за вложување во англискиот клуб.
Според британските медиуми, договорот е блиску до реализација, но сè уште треба да добие „зелено светло“ од регулаторните тела на англискиот фудбал.
Алалших е едно од највлијателните имиња во светот на спортот и забавата, а претходно беше сопственик на шпанска Алмерија и египетски Пирамидс, додека во последните години стана глобално препознатлив како човекот кој стои зад најголемите боксерски спектакли во Саудиска Арабија.
Доколку инвестицијата биде одобрена, Дерби ќе добие значителни финансиски средства за засилување на тимот и напад на пласман во Премиер лигата. Клубот во 2022 година беше спасен од финансиски колапс од сегашниот сопственик Клоус, а минатата сезона заврши на осмото место во Чемпионшип, недалеку од местата кои водат во плејофот за елитата




