Шеик од кралското семејство на Абу Даби го купува Њукасл

Откако ланската година не успеа да го купи гигантот Ливерпул, членот на Абу Даби кралското семејство, шеикот Калед бин Зајед ал Нехајан, најверојатно ќе ја преземе власта во тимот на Њукасл. 

Пред една година нудеше две милијарди евра за да го откупи Ливерпул, но беше одбиен, а како што објавуваат британските медиуми во овој момент е пред договор со сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли. 

Преговорите биле во завршна фаза, сè било договорено, а сумата која Зајед ал Нехајан би ја потрошил за тимот од „Сент Џејмс Парк“ изнесува 350 милиони фунти. 

„Страчките“ не можат да се пофалат со позитивна сезона во Премиер лигата, иако обезбедија опстанок, а според најавите новиот сопственик е подготвен да вложи големи средства за да го стабилизира тимот, кој најверојатно ќе биде предводен од Рафа Бенитез.