ВИДЕО: Шефилд со еден гол го загорчи стартот на сезоната на Кристал Палас

Шефилд Јунајтед

Враќањето по повеќе од една деценија во Премиер лигата, донесе прекрасен натпревар, победа и три бода за Шефилд Јунајтед. Новиот член на англиската елита се претстави со стартен тим само од Англичани и го совлада Кристал Палас на Рој Хоџсон со 1-0 (0-0). Во текот на сите 90 минути се играше брзо, а публиката имаше можност да проследи меч со многу шанси и отворена игра.

  • Извештај од натпревар: 

Моментот на одлука пристигна на стартот од второто полувреме. Нововлезениот Лук Фриман со одличен потег се ослободи од противникот и шутираше силно, а на одбиената топка прв стигна Џон Лундстрам.

Ѕвездата на гостите Заха беше незабележителен, а во последните неколку минути за домашната екипа пред својата нова публика дебитираше поранешниот капитен на Евертон, Фили Јагиелка. Тимот од „Селхурст Парк“ остана без бодови и без погодок на првите два натпревари од премиерлигашката сезона.

Колото ќе продолжи со дуелот меѓу Челзи и Лестер Сити, а ќе биде заокружено со утрешната средба меѓу Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед.