Шефити: Знаеме дека нема да биде лесно, „лавовите“ се тежок ривал на свој терен!

Еден од најискусните фудбалери на Арсими 1973, Шефит Шефити, го најави натпреварот против Македонија ЃП во Првата македонска лига, со надеж за позитивен резултат и евентуална победа на ова гостување. 

Во таборот на Арсими има голема мотивација после победата над Шкупи, иако знаат дека мечот со „лавовите“ од Ѓорче Петров нема да биде воопшто лесен. 

„Победата против Шкупи беше многу значајна за нас. Ни даде нова енергија и висока мотивација. Сега сме многу послободни психолошки и максимално сконцентрирани за натпреварот што следува. Тој додаде дека позитивната атмосфера е голем поттик за играчите, но воедно и обврска да покажат стабилност и континуитет.

Македонија Ѓ.П е квалитетен тим, кој е секогаш тежок на свој терен. Сепак, ние напорно работевме цела недела на тренинзите и веруваме дека можеме да прикажеме силна игра. Нашата цел е јасна да оствариме позитивен резултат и да ја продолжиме нашата позитивна серија”, рече Шефити. 

Натпреварот помеѓу Македонија ЃП и Арсими 1973 започнува во 15:00 часот.