ВИДЕО: Шефити од Ренова даде гол со „ножички“ каков не е виден во мак-фудбалот!

Екипата на Ренова ја оправда улогата на фаворит во првото коло од Купот на Македонија и со победа од 0-4 на гости кај Гостивар ги продолжува настапите во најмасовното фудбалско натпреварување во нашата држава.

„Гипсарите“ лесно се справија против незгодниот второлигаш, а овој дуел беше посебен за Шефит Шефити, кој постигна фантастичен гол со „ножички“ кој е вистинска реткост во мак-фудбалот.

  • Атрактивниот гол на Шефити против Гостивар:

Покрај Ренова, фаворитската улога во првото коло од Купот на Македонија ја оправдаа и прволигашите Работнички, Македонија ЃП, Пелистер, Тиквеш, Брегалница...