ВИДЕО: Шефилд по 18 кола ја забележа првата победа во ПЛ

Екипата на Шефилд Јунајтед конечно го скрши малерот и преку Њукасл (1-0) ја забележа првата победа во новата сезона од англиската Премиер лига.

  • Извештај од натпреварот:

Фенерџијата беше единствен без триумф во овогодинешното издание на најквалитетната лига на Островот, но во вториот дел поради едно невнимание во казнениот простор дојде до ситуација да постигне гол и успеа во тоа.

Во 72. минута од мечот, Фернандез играше со рака во казнениот простор, а судиите тоа го забележаа. Се прегледуваше ситуацијата и со ВАР-технологијата, а откако се потврди дека е пенал, одговорноста ја презеде Били Шарп кој ги донесе трите бода.

И покрај победата Шефилд Јунајтед останува на дното со пет освоени бода. Пред него е ВБА со осум, а Фулам има 11 бода. Брајтон е на првата „безбедна“ позиција во ПЛ со 14 бода.