Шефилд Јунајтед издвои осум милиони евра за Калум Робинсон

Новиот премиерлигаш, Шефилд Јунајтед не престанува да се засилува за своето враќање во елитата. „Црвено-белите“ го купија ирскиот напаѓач Калум Робинсон, кој до минатата сезона го носеше дресот на Престон. 

Шефилд Јунајтед плати обештетување од осум милиони фунти, а Робинсон стави потпис на четиригодишен договор. Претходно, овој клуб издвои пет милиони фунти и за играчот од средниот ред, Лук Фриман.

Новиот премиерлигаш значително го зголеми својот буџет и сега гради компетитивен тим како би останал во Премиер лигата.

Новата сезона во шампионатот на Англија почнува во втората недела од август.