Шчесни: Ако го одбиете повикот од Барса, значи ви недостасува мозок и храброст!

Полскиот чувар на мрежата, Војчех Шчесни, пред само неколку денови ја прекина својата спортска пензија и реши да го прифати повикот од Барселона, која остана без услугите на повредениот Марк Андре Тер Штеген. 

Шчесни летово реши да замине во пензија откако му истече договорот со Јувентус, но понудата од Барселона беше нешто што тешко се одбива, а тоа го потврдува и самиот голман. 

„Кога заѕвони телефонот, мислев дека повикот не е реален и дека си замислувам. Тој момент е круцијален, одлуката зависи само од тебе. Се прашував како би било да ѝ кажам „не“ на Барселона, па сфатив дека во овој случај таков одговор едноставно не постои. 

Ако ја одбиете Барса, тоа значи дека немате мозок или ви недостасува храброст. Предизвикот е прифатен, а јас се надевам дека ќе имаме повеќе од успешна сезона“, вели Полјакот. 

34-годишниот Шчесни првпат ќе настапува во шпанската Примера, а претходно во кариерата ги бранеше боите на Арсенал, Брентфорд, Рома и Јувентус.