Шарлроа и Зајков се разделија по шестгодишна соработка

Младиот македонски дефанзивец Ѓоко Зајков од денес е слободен играч и ќе има можност да менува клуб.

Шарлроа преку соопштение потврди дека соработката со нашиот репрезентативец е прекината. 26-годишникот не добиваше речиси никаква минутажа во изминатите две години, па оваа одлука не беше големо изненадување за фановите.

Зајков пристигна во белгискиот тим во 2015 година, како позајмен фудбалер од Рен. Откако ги задоволи очекувањата доби можност да стави потпис на долгогодишен договор.

За екипата на Шарлроа нашиот интернационалец запиша вкупно 38 настапи.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.