ВИДЕО: Шаркоски проработи кога е најпотребно и погоди против Хонвед!

Работнички ја врати предноста на мечот против Хонвед (2-1), со погодок на Николче Шаркоски, постигнат во 60. минута од мечот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.

Офанзивецот на Работнички доби топка од Стевановиќ во шеснаесетникот, му избега на чуварот и силно биеше во мрежата на гостите. 

Претходно, Наѓ изедначи со ефектен гол во 45. минута, а Петар Петковски погоди за Работнички за предност. Шаркоски пристигна меѓу „романтичарите“ од прилепска Победа и е важен дел од првиот тим на Ѓоре Јовановски.