Шансите на ПСЖ се намалуваат, Мбапе нема да стартува од првата минута!

Мбапе

Поради болки во ногата, Килиан Мбапе не се очекува да се појави на теренот од првата минута на денешниот реванш против Манчестер Сити.

Сериозноста на повредата ќе го натера Маурицио Почетино да не ризикува вечерва. Доколку настапи, Французинот би можел да не биде во можност да ја доигра сезоната, ако ја влоши болката.

Медиумите во Франција пренесуваат дека неговото учество ќе зависи од развојот на настаните на теренот. Доколку ПСЖ има проблеми да направи пресврт, во борбата за финале, тогаш сигурно ќе добие некаква минутажа во завршницата.

Сити победи на гостувањето во Париз со 2-1 и се наоѓа пред голем момент во обидот да стигне до прво финале во клупската историја.