Шанса за конкуренцијата, Ливерпул со двајца повредени играчи во наредниот период

Дербито против Тотенхем во Лондон е еден од натпреварите кои Ливерпул смета дека би можеле да бидат најтешки оваа сезона во Премиер лигата.

Непоразената екипа на Јирген Клоп доби лоши вести во пресрет на ова гостување. Наби Кеита и Џејмс Милнер сигурно нема да бидат достапни за настап на ова дерби.

Исто така тие двајца би можеле да бидат надвор од конкуренција и за дуелот со Манчестер Јунајтед. Тоа сигурно е загрижувачки за навивачите, кои се надеваат дека позитивната серија на нивниот тим во домашното првенство ќе продолжи и во новата година.

Густиот распоред си го прави своето и поради тоа Клоп ќе мора да внимава на своите најголеми ѕвезди, пред да започнат предизвиците во завршницата од сезоната.

Жозе Мурињо сигурно ќе има подготвено нешто за лидерот во ПЛ и ќе биде тежок тест за прескокнување.