• Саше Љолес
Италијанските калчолигаши Рома и Милан се сериозно заинтересирани за доведување на холандскиот напаѓач од редовите на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе.
Офанзивецот го загуби своето место во тимот на Рубен Аморим и сезонава само четири пати настапи во Премиер лигата, што е повеќе од јасен сигнал дека ќе мора да бара друга средина. Интересот од „чизмата“ за него не е случаен, затоа што најдобро се претстави во дресот на Болоња, од каде подоцна замина во Англија.
Зиркзе нема ништо против оваа идеја, а клубовите веќе се во контакт со „ѓаволите“ за евентуален трансфер уште во текот на јануарскиот преоден рок. Како можна следна дестинација се споменува и лондонскиот Вест Хем, кој сака најпрво да го доведе на позајмица, но оваа варијанта се чини дека е помалку веројатна.
Холанѓанецот имаше повеќе од солидна етапа во Серија А, па затоа неговото враќање во моментов се чини сосема логично и очекувано. Милан и Рома сакаат да ги зголемат своите шампионски амбиции, а со доведувањето на Зиркзе ќе добијат поголема ротација и повеќе опции во нападот.
ФОТО/PHOTO: Manchester United/Facebook









