ВИДЕО: Шампионски танц на „Енфилд“ - Арсенал поведе, Ливерпул возврати со ЧЕТИРИ гола!

Фудбалерите на Арсенал одлично го започнаа дербито на „Енфилд“ и по 11 минути игра имаа предност од 0-1, но во продолжение на натпреварот им се случи вистинска катастрофа.

Роберто Фирмино во 14. минута изедначи на 1-1, а само две минути подоцна Бразилецот направи вистински слалом низ гостинската одбрана и погоди за целосен пресврт и водство од 2-1.

По вториот примен погодок, Арсенал едноставно се загуби на теренот, а тоа „црвените“ го искористија во 32. минута, кога по прекрасното бегство на гостинската одбрана и асистенција за Садио Мане, Сенегалецот погоди за високи 3-1.

Потопот на „топџиите“ во првиот дел го комплетираше Мохамед Салах, кој во 47. минута од пенал погоди за убедливи 4-1.