• Мартин Танасковски
Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска беше дел од финалето во Лигата на шампионите кај дамите, во кое Арсенал ја победи Барселона со 1-0.
Пројковска беше четврти судија на мечот и уште еднаш доби шанса од УЕФА да биде дел од голем настан, што доволно говори за довербата на „куќата на фудбалот“ кон неа.
Главните судијки доаѓааа од Хрватска, прва беше Ивана Мартинчиќ, асистентки ѝ беа Сања Роџак-Каршиќ и Маја Петравиќ.
Резервен асистент судија беше Сташа Шпур од Словенија, во ВАР-собата беше Тиаго Бруно Лопес Мартинс од Португалија, заедно со Момчило Марковиќ од Србија и Ален Борошак од Словенија.