ВИДЕО: Шампионски крик - Наполи го освои Торино, Елмас се вклопи во забавата

Италијанците веќе знаат којј ќе биде шампион во Серија А оваа сезона, но не знаат кога и математички Наполи ќе ја осигура титулата. Победата во Пјемонте против Торино со 0-4 (0-2) е уште еден показарел за формата на екипата на Лучијано Слапети. Четири дена по европскиот блесок против Ајнтрахт, екипата од јужна Италија ги декласира „биковите“ на Јуриќ со 0-4.

  • Торино - Наполи 0-4: 

Најдобриот стрелец на екипата, Виктор Осимен пак постигна два гола, како во Лигата на шампионите, а меѓу стрелците од пенал се запиша и Квича Кварацхелија. Шоуто го затвори Французинот Танги Ндомбеле со гол во 68. минута за финални 0-4. 

Македонскиот интернационалец Ељиф Елмас доби шанса од стручниот штаб во 65. минута, менувајќи го Мексиканецот Лозано. Наполи сега го лови и апсолутниот рекорд на Јуве на Антонио Конте, кој во ерата на три бода за победа собра неверојатни 102 бода пред скоро една деценија.

По пласманот во четвртфиналето на Конференциската лига, Фиорентина стигна до значајни три бода и во шампионатот. Екипата на Винченцо Италиано го надигра Лече со 1-0 (1-0). Единствениот погодок беше автогол на Антонио Гало во 27. минута од натпреварот. 

  • Фиорентина - Лече 1-0: 

Попладнево се игра римското дерби, а колото вечерва го затвораат Интер и Јувентус со дерби дуел на „Сан Сиро“.

Состави

Иван Јуриќ

3-4-2-1

    Лучијано Спалети

    4-3-3